816
Урош Блажиќ кој синоќа уби осум и рани 14 лица себеси се нарекувал „Мали Кристијан“, по српскиот криминалец од 90-тите години – Кристијан Голубовиќ.
На Инстаграм профилот на неговиот другар, Никола Ѓорѓевиќ, инаку поранешен учесник на српското ријалити шоу „Задруга“ , има видео во кое Урош се капе во заледена вода и извикува: Што е ова? Мали Кристијан, а?
Блажиќ бил љубител на мотори, а неговите соселани раскажуваат дека низ селото возел и со 200 километри на час. Претходно бил апсен и поради поседување муниција.