Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик го загуби случајот против државата во обид да ја прекине својата изолација во затвор преку судовите, одлучи денеска судот во Норвешка.
Екстремно десничарскиот фанатик, кој уби 77 луѓе во напад на островот Утоја на 22 јули 2011 година, ја тужеше државата во јануари, тврдејќи дека неговите услови за живот во затвор ги кршат неговите човекови права.
„Окружниот суд во Осло, по општа оценка, заклучи дека условите за живот на Брејвик во затвор не се кршење на човековите права“, објави судот.
Брејвик отслужува 21 година затвор, максимална казна во времето кога го извршил делото, која може да се продолжи се додека тој се смета за закана за општеството. Се чува и во изолација.
Брејвик сведочеше дека му е жал за тоа што го направил и се расплака, велејќи дека животот во самица за него бил ноќна мора, поради што секој ден размислувал за самоубиство.
Но, еден ден подоцна, психолог сведочеше дека Брејвик не бил ниту депресивен ниту сакал да се самоубие и дека е добро.