Масовни воздушни напади врз Украина, погодена термоелектрана во Киев

by Fokus

Русија рано утрово изврши воздушни удари во повеќе украински региони, вклучувајќи го и Киев. Според сè уште непотврдени информации, погодена е термоелектрана во главниот град на Украина.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека експлозии се регистрирани во југозападниот дел на градот и оти на спасувачки екипи се излезени на терен.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато од превентивни причини за околу 15 отсто од жителите во престолнината, рече Кличко.

„По нападот, како последица на немање на електрична енергија, 40 отсто од корисниците во главниот град моментно се без греење. Ситуацијата со вода е нормална“, истакна Кличко.

Поврзани новости