Во серијата руски ракетни напади врз Киев утринава се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Тој изјави дека тие се повредени кога избувнал пожар во катна зграда во населбата Соломенски по ракетен напад.
Тој претходно соопшти дека има 10 повредени лица, од кои девет се хоспитализирани.
Според Кличко, во областа Подолск биле оштетени инфраструктурен објект и гасоводна цевка, а некои делови од градот останале без струја, пренесува Интерфакс Украина.
Едно лице загина, а 22 се повредени во руските ракетни напади врз Харков, соопшти шефот на регионалната администрација Олех Синехубов.
Тој изјави дека централниот дел на Харков, особено областа Шевченко, биле цел на руските удари и дека биле оштетени станбени згради, помошни згради и цивилна инфраструктура.
Руските сили утрово извршија масовен ракетен напад врз Украина.