Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи на коронавирус, пренесува Брисел Тајмс.
Многумина протестираа и против советите да се вакцинираат и евентуалното воведување на задолжителна вакцинација. Демонстрантите носеа огромен транспарент на кој пишуваше „Заедно за слобода“. За време на маршот беа употребени димни бомби и петарди, но немаше конфликт.
Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот, белгиските власти во четвртокот донесоа одлука да работат од дома четири дена во неделата.
Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените. Од вчера стапи на сила обврската за работа од дома каде што е можно.