Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми

by fokus

САД синоќа се одржаа масовни протести и маршеви на научници, академски истражувачи и нивни поддржувачи, вклучувајќи неодамна отпуштени федерални работници, а против кратењата на парите за истражувања и научни програми од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Пред споменикот на Линколн во Вашингтон се собраа илјадници да протестираат против „деструктивните“ политики на Трамп. Слични протести под мотото „Исправи се за науката“ се одржаа и во околу 30 други градови низ САД како Атланта, Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес.

Администрацијата на Трамп прави напори за драстични кратења на буџетот за научни истражувања и масовни отпуштања во агенциите што ја финансираат науката. Ова предизвика остра политичка реакција меѓу научната заедница. Слични протести наречани „Марш за науката“ имаше и во 2017 година во првиот мандат на Трамп.

Една од првите загуби поради овие кратења е и невозможноста на метеоролошката служба во Њујорк да продолжи да пушта балони за испитување на климата и временската прогоноза, јави Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Протести вчера се одржаа и пред канцелариите на Службата за социјална сигурност која ги исплаќа американските пензионери, а чии оддели исто така се соочуваат со кратења.

Поврзани новости