Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.
Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.
Апел за превенирање на ваквите активности преку Фејсбук објави поранешната пратеничка Фросина Ременски, истакнувајќи дека е потребен одговор од надлежните институции за да нема шпекулациi.
– За да се избегнат какви било штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, објави Ременски на Фејсбук.