Масовни апсења на осомничени за лоша градба во Турција

by Fokus

Во Турција се уапсени речиси 200 лица под сомнение за лоша изградба на згради кои се урнаа во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 44.000 луѓе, соопшти турското Министерство за правда, пренесе Си-Ен-Ен.

Во соопштението се наведува дека 626 лица се осомничени за непочитување на прописите при изградба. Утврдено е дека некои од осомничените загинале во земјотресот, а полицијата трага по многу други.

Поврзани новости