440
Во Турција се уапсени речиси 200 лица под сомнение за лоша изградба на згради кои се урнаа во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 44.000 луѓе, соопшти турското Министерство за правда, пренесе Си-Ен-Ен.
Во соопштението се наведува дека 626 лица се осомничени за непочитување на прописите при изградба. Утврдено е дека некои од осомничените загинале во земјотресот, а полицијата трага по многу други.