Масовна тепачка во Кочани, полицијата пукала во воздух

by Fokus

Синоќа по полноќ, лишени се од слобода седум лица од Кочани кои учествувале во масовна тепачка пред локал во Кочани, а морало да интервенира и полицијата.

„На 05.11.2022 во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода  Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и Б.С., од друга, а бил употребен и стаклен предмет.

При полициска интервенција Џ.Ц. попречувала полициски службеник во вршење на службени дејствија.

Од полициски службеник во воздух биле испукани два предупредувачки истрели, лицата биле приведени во полициска станица, а Џ.Б. и Л.Т., поради исеченици со кои се здобиле при пресметката, биле пренесени во Општа болница Кочани. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Поврзани новости