Во средно училиште во Арканзас, САД, избила масовна тепачка која резултирала со апсење на 13 ученици, а еден завршил во болница. Сè се случило во средното училиште Хол Стим Магнет во Литл Рок.
Кога полицијата пристигнала на терен забележала дека се во тек повеќе тепачки, а причинета е и материјална штета. „Набргу потоа, полицајците уапсија 13: едно апсење за поттикнување бунт и 12 апсења за непристојно однесување. Во овој момент од истрагата, едно лице е пренесено со брза помош во локалната болница поради полесни повреди“, соопшти полицијата на Литл Рок.
Полицијата не информирала што ја предизвикало тепачката или колку долго траела пред да успеат да ја стават ситуацијата под контрола.
„Учениците кои учествуваат во расправијата ќе бидат дисциплинирани согласно законот“, се вели во соопштението. Надлежните велат дека истрагата за инцидентот моментално е во тек и повеќе детали ќе бидат објавени кога ќе станат достапни информации.