Традиционалниот демиркаписки панаѓур, кој се одржува на 27-ми и 28-ми август во чест на православниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, и годинава привлече голем број на посетители.
Специфично за панаѓурот е излагањето на различни производи од страна на трговците, како и понудите на угостителските локали, во кои освен кулинарски специјалитети, најчесто има и жива музика.
Настанот поминува релативно мирно и привлекува посетители од целата земја, но последната панаѓурска вечер, на 28-ми, се случила масовна тепачка помеѓу демиркапијци, кои излегле пред угостителски локал да си ги измерат силите.
Како што информираат од СВР Велес, во тепачката учествувале дури седум лица, и тоа пет од една, а пак двајца од друга страна, кои биле на возраст од 46 до 17 години.
По целосно расчистување и документирање на случајот,ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од СВР Велес.
Вики Клинчарова