Масовна акција за чистење на Скопска Црна Гора

by fokus

Повеќе од 130 љубители на природата од селата Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, Кучевиште, Побожје, како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење. Собраа над 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум, а општинското комунално претпријатие потоа, со вонредна акција го собра отпадот.

Иницијаторот на акцијата , Мери Пејоска, со свои средства обезбеди и донираше кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет, додека друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици.

Акцијата траеше неколку часа.

– Акцијата беше исклучително успешна во својот обем и испрати порака. На следната акција очекуваме да ни се придружат и локални жители во уште поголем број. Честитки за децата и нивниот благороден подвиг, треба да бидат горди на себе, зашто главната поента беше токму подигање на свеста за зачувување на околината кај најмладите. Наредните денови ќе поделиме признанија за учениците и нивните училишта. Новото раководство на општината исто така ја подржа акцијата и се надевам дека во идните акции ќе помогнат повеќе. Покрај ваков одзив и упорност за истрајност во намерата, силно се надевам и верувам во скоро прогласување на Скопска Црна Гора за чиста планина, уште повеќе дека ќе дадеме позитивен пример за повеќе слични граѓански иницијативи наместо безкорисни критики или незаинтересираност, изјави Пејоска.

Поврзани новости