Масовен протест се одржа вечерва во центарот на Атина за годишнината од убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос во 2008 година, кој беше застрелан од полицаец, додека пак во Солун имаше инциденти меѓу дел од демонстрантите и полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Додека маршираа низ улиците во центарот на Атина демонстрантите извикуваа слогани против полицијата, но и дека денешниот ден му припаѓа на Алекси.
Главниот дел од протестот заврши мирно, а дел од учесниците се упатија кон населбата Ексархија каде што беше убиено момчето и која важи за населба на анархистите, каде што имаше мали инциденти.
Од 2008 година кога беше убиен Григоропулос секоја година на 6 декември во Атина, но и во други грчки градови, традиционално се одржуваат протести, а за безбедноста во грчката метропола денеска беа ангажирани над 4.000 полицајци.
Во Солун, според локалните медиуми, вечерва имаше инциденти меѓу демонстрантите и полицијата.