342
Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски и го поставиле знамето на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово.
Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.
-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.