Легендарниот шахист, Русинот Гари Каспаров и најбогатиот човек на планетава, Американецот Илон Маск почнаа да „се препукуваат“ за војната во Украина, пред се, со различните ставови за решавање на воениот судир. Нивниот меѓусебен конфликт почна со интервјуто на велемајсторот за „Си-ен-би-си“.
– Трошоците се огромни, но Украина ја плаќа цената. Зошто луѓето кои живеат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина да им кажуваат на Украинците како да ги водат своите работи. Тоа е морален идиотизам и геополитичко слепило, изјави познатиот шахист.
Тој се приклучи на американската телевизиска програма додека натпис зад него истакнуваше „Слава на Украина“. Американскиот бизнисмен, очигледно засегнат од овој коментар, му одговори на Русинот на Твитер.
„Иако е точно тоа дека Каспаров е речиси исто толку добар во шах колку и мојот ‘Ајфон’, тој е идиот во секој друг поглед. Немам ни куќа, а камоли ’вила’,“ напиша Маск.
„Спејс-Икс“, кој е во сопственост на Илон Маск, ќе продолжи да го финансира „Старлинк“-сателитскиот интернет во Украина.