Милијардерот Илон Маск вели дека неговата компанија Neuralink за првпат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок.
„Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск.
Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да помогне во решавањето на сложените невролошки состојби. Голем број конкурентски компании веќе имаат инсталирано слични уреди.
Во мај, компанијата на Маск доби дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА) да го тестира чипот на луѓе, што беше пресвртница. Ова даде зелено светло за почеток на шестгодишното истражување. Пациентите кои ќе учествуваат во студијата ќе имаат хируршки чип поставен во делот од мозокот, кој ја контролира намерата за движење. Чипот, кој ќе го инсталира роботот, потоа ќе снима и ќе испраќа мозочни сигнали до апликацијата, со првична цел „да им овозможи на луѓето да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги само своите мисли“, објаснуваат од Neuralink.
The first human received an implant from @Neuralink yesterday and is recovering well.
Initial results show promising neuron spike detection.
— Elon Musk (@elonmusk) January 29, 2024
The first @Neuralink product is called Telepathy
— Elon Musk (@elonmusk) January 29, 2024
Маск на X објави дека првиот производ на Neuralink ќе се вика Telepathy. Тоа треба да овозможи да се контролира нечиј мобилен телефон или компјутер – со размислување.
„Првите корисници ќе бидат оние кои ја изгубиле способноста да ги користат своите екстремитети. Замислете Стивен Хокинг да може да комуницира побрзо од брза дактилографка. Тоа е целта”, додаде Маск.