Американскиот милијардер Илон Маск на митинг за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека нападот на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, по неговиот пораз на претседателските избори, не е насилен бунт, „иако некои така го нарекоа“.
Маск рече дека Трамп не им рекол на поддржувачите да бидат насилни и дека им рекол да протестираат „мирно и патриотски“ за да го спречи демократот Џозеф Бајден да стане претседател.
Основачот на Tesla и сопственик на платформата X исто така рече дека луѓето кои тврдат дека Трамп е закана за демократијата се всушност најголемата закана за самата демократија, пренесе АП.
Маск ги повика гласачите да учествуваат на предвремените избори, но ја критикуваше и практиката на гласање по пошта, нагласувајќи дека таквите гласови не треба да се прифаќаат во иднина.
Маск, кој даде повеќе од 70 милиони долари помош за кампањата на Трамп, учествува и на различни настани и митинзи за поддршка на републиканскиот кандидат.