639
Извршниот директор на Tесла, Илон Маск, објави на Твитер дека размислува да ја напушти работата и да стане инфлуенсер.
„Размислувам да дадам оставка и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша најбогатиот човек на светот во твитот објавен синоќа, без да даде детали.
Не е јасно дали Маск, кој е многу активен на платформата на оваа социјална мрежа, сериозно размислува да ги напушти менаџерските позиции.