Маск продаде акции од „Тесла“ од четири милијарди долари

by Фокус

Елон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари.

Според поднесоците на американската Комисија за хартии од вредност. во рок од неколку дена, од петокот до вчера, продадени се 19,5 милиони акции.

Уделот на Маск во сопственоста на компанијата „Тесла“ во моментов изнесува 14 проценти.

Вредноста на акциите на компанијата само во текот на оваа година е падната за речиси половина, заедно со многу други таканаречени „акции на раст“ што се сметаат за чувствителни на поостра глобална економија, особено на високи нивоа на инфлација.

Но, вредноста на акциите на „Тесла“, исто така, е одраз на серијата продажби што Маск ги искористи за финансирање на купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.

Тоа ги наведе акционерите да веруваат дека „Тесла“ ќе излезе од фокусот на извршен директор, кога сега има други преокупации.

Поврзани новости