Американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“ – Илон Маск реагираше на најавата на бизнисменот Вивек Рамасвами дека САД ќе отворат пат за „уште една трагедија од размерите на нападите на 11. септември“, доколку не се реши кризата на јужната граница на земјата.
Маск оцени дека е само прашање на време кога поради приливот на мигранти во САД ќе се случи терористички напад од исти размери како оној на кулите близначки на светската трговија.
Бизнисменот Вивек Рамасвами на „X“ рече дека САД ќе го отворат патот за „уште една трагедија од размерите на нападите од 11 септември“ доколку не се реши кризата на јужната граница на земјата.
Според него, дури и ако само 0,1 отсто од илегалните мигранти имаат непријателски намери, има десетици илјади потенцијални напаѓачи.
„Прашање на време е само“, напиша Маск во коментарот на објавата на Рамасвами.
САД бележат рекорден број на илегална миграција, при што граничните службеници забележале 302.000 нелегални гранични премини во декември 2023 година, што е најголем број во еден месец.
Дополнително, властите забележале рекорден број илегални имигранти во сите три години додека Џозеф Бајден ги водеше САД.