57
Американскиот милијардер Илон Маск рече дека нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да ја загуби војната во Украина, додавајќи дека пакетот помош што денеска го усвои американскиот Сенат нема да и помогне на Украина.
„Овој пакет не ѝ помага на Украина. Проширувањето на војната не и помага на Украина“, рече Маск за време на дискусијата со американските политичари на социјалната мрежа Х, јавува Блумберг.
Тој рече дека се надева оти Американците ќе контактираат со нивните избрани конгресмени за нацрт-законот за помош на Украина и ќе ги убедат да не го усвојат.