Маск не е веќе најбогат човек во светот

by Fokus

Џеф Безос повторно ја понесе титулата најбогат човек на светот. Според индексот на милијардери на Блумберг, тој го престигна Илон Маск.

Нето богатство на основачот на Амазон изнесува 200 милијарди долари, додека на сопственикот на „Спејс Икс“ се проценува на околу 198 милијарди.

Според индексот, Маск изгубил 31 милијарда долари минатата година, додека Безос добил 23 милијарди долари.

Акциите на Tesla вчера паднаа за повеќе од 7 отсто.

Поврзани новости