Маск: Нашиот најголем проблем е колапсот на населението поради нискиот наталитет

by fokus

Елон Маск на својот профил на социјалната мрежа Х напиша дека најголемиот проблем за човештвото е колапсот на нашата популација.

Милијардерот сподели објава во која ги прегледува „црните записи“ за падот на природниот прираст во 2023 година:

• Рекордно ниската стапка на наталитет во Јужна Кореја ќе продолжи да опаѓа, предупредува владина студија. (Јужна Кореја е земја со најниска стапка на наталитет во светот. Односот е веќе под 0,78 раѓања. За да се одржи стабилна популација, односот треба да биде малку над 2,00 – н.з.)

• Стапката на наталитетот во Кина минатата година падна на рекордно ниско ниво од 1,09. За прв пат раѓањата во Кина се под 10 милиони. Годинава се очекува да бидат под 9 милиони.

• Во Јапонија има само 1 милион 18-годишници. Ова е ефектот од годините на намалување на наталитетот.

• Стапката на наталитет во Сингапур е на рекордно ниско ниво.

• Ниската стапка на наталитет во Виетнам продолжува да опаѓа.

• Папата Франциск изрази загриженост за нискиот наталитет во Италија.

• Стапката на наталитет во Холандија паѓа на рекордно ниско ниво.
Високата смртност во комбинација со нискиот наталитет доведува до негативен природен прираст.

Пред неколку месеци Маск изјави дека „колапсот на населението поради нискиот наталитет е далеку поголем ризик за цивилизацијата отколку глобалното затоплување“.

Во 2021 година, милијардерот донираше 10 милиони долари на Универзитетот во Тексас во Остин (UT Остин) за развој на Иницијативата за благосостојба на населението. Парите се користат за истражување за ефектот на падот на наталитетот врз општеството и економијата.

Поврзани новости