Маск му одговори на Трамп: „Господине претседателе, ќе го сторам тоа!“

by Fokus

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека Илон Маск врши одлична работа, но дека може да биде поагресивен во напорите да ја намали федералната влада, стигна одговорот на Маск.

„Ќе го направам тоа, господине претседателе“, напиша Маск на X.

Трамп го повика милијардерот Илон Маск да биде поагресивен во неговите напори да ја намали федералната влада и покрај вревата околу отпуштањата и големите кратења на трошоците.

„Запомнете, ние имаме земја што треба да ја спасиме, но прво и основно, да ја направиме поголема од кога било досега. МАГА!“ напиша Трамп.

Одделот за владина ефикасност на Маск, т.е. DOGE – тело создадено од Трамп – ги зафати федералните владини агенции, отпуштајќи десетици илјади државни службеници, од научници до чувари на паркови, главно оние на пробен рок.

Според новите кратења објавени вчера, американскиот министер за одбрана ќе го намали цивилниот персонал за најмалку 5 проценти почнувајќи од следната недела. Трамп во петокот веќе го отпушти началникот на Здружениот Генералштаб, генералот Ц.К. Браун и најави дека ќе смени уште пет други високи функционери како дел од невидена реорганизација на американското воено раководство.

Поврзани новости