429
Сопственикот на Твитер, Илон Маск денеска најави дека ќе поднесе оставка од функцијата извршен директор на оваа социјална компанија, откако корисниците на Твитер на анкета гласаа за негово заминување.
-Ќе поднесам оставка од директорската функција штом најдам некој доволно наивен да се фати за работа. После тоа ќе ги водам софтверските и серверските тимови, напиша Маск на Твитер.
Анкетата што ја спроведе Маск на оваа социјална платформа пред два дена покажа дека околу 57,5 отсто од корисниците на Твитер сакаат тој да поднесе оставка на местото шеф на Твитер, додека 42,5 отсто биле против.
Во анкетата учествувале околу 17,5 милиони корисници на Твитер.
Маск претходно рече дека ќе ги прифати резултатите од анкетата.