Маск ќе го посети Аушвиц откако ја поддржа антисемитската теорија на заговор во X

by Fokus

Американскиот мултимилијардер Илон Маск следната недела треба да учествува на онлајн панел за антисемитизмот и да го посети логорот на смртта Аушвиц, неколку месеци откако беше жестоко критикуван за поддршка на антисемитска теорија на заговор на неговата социјална мрежа Х, пишува Independent.

Маск беше обвинет за антисемитизам во ноември минатата година, кога на Х одговори со „Ја кажавте правата вистина“ на објава во која лажно се тврдеше дека еврејските заедници поттикнуваат омраза кон белите луѓе.

Белата куќа веднаш ги осуди неговите коментари, а објавата ја критикуваше и израелскиот претседател Исак Херцог. Маск потоа ја призна својата грешка, опишувајќи ја како „една од најглупавите“ работи што некогаш ги објавил на платформата.

Сега е објавено дека Маск патува во Полска само една недела пред Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот на 27 јануари.

Посетата беше организирана од Европската еврејска асоцијација за да се подигне свеста за порастот на антисемитизмот по израелската инвазија на Газа како одмазда за нападите на Хамас на 7 октомври.

Поврзани новости