Маск имал лошо претчувство па најави отпуштања од „Тесла“

by fokus

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, има „супер лошо чувство“ за економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили.

Маск преку меил вели дека треба да има пауза од вработување ширум светот. Мејлот бил испратен два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека мора да се вратат на работното место или во спротивно да ја напуштат компанијата.

Според официјалните податоци, компанијата „Тесла“ на крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 луѓе.

„Секој во Тесла мора да поминува најмалку 40 часа неделно во канцеларија. Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте си дале отказ“, пишува Маск во мејлот.

Тоа барање било одбиено од некои вработени во Германија, каде што компанијата има нова фабрика.

Поврзани новости