Маск го враќа на „Х“ озлогласениот теоретичар на заговор

by Fokus

Социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) ќе го реактивира профилот на американскиот теоретичар на заговор Алекс Џонс, откако анкетата на корисниците на страницата го поддржа неговото враќање, изјави сопственикот на „Х“ Илон Маск.

„Луѓето го кажаа својот збор и така ќе биде“, објави Маск, одговарајќи на резултатите од анкетата спроведена во саботата за тоа дали профилот на Џонс треба повторно да се активира.

До затворањето на гласањето, гласаа речиси два милиони луѓе, а околу 70 отсто од нив гласаа за враќање на Џонс.

Откако Маск ја презеде платформата, некои претходно суспендирани сметки беа повторно активирани, вклучувајќи ја и онаа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Платформата порано позната како Твитер трајно го забрани пристапот на Џонс, како и неговиот сајт „Infowars“, со објаснување дека ги прекршува правилата на однесување.

Забраната доаѓа неколку недели откако Apple, YouTube и Facebook ги отстранија подкастите и каналите на Џонс, повикувајќи се на стандардите на заедницата.

На американскиот теоретичар на заговор минатата година му беше наложено да плати отштета од речиси 1,5 милијарди долари на роднините на шестгодишното момче убиено во масакрот во основното училиште Сенди Хук во 2012 година, бидејќи лажно тврдеше дека актери го организирале пукањето како дел од владин заговор.

Поврзани новости