967
Илон Маск денеска преку Твитер го повика рускиот претседател Владимир Путин на дуел еден на еден. Влогот е Украина, односно ако Маск победи, Путин да се повлече од Украина.
Го предизвикувам Владимир Путин на дуел. Еден на еден. Влогот е Украина, порача Маск преку Твитер.
Подоцна, на руски, тој го праша официјалниот твитер профил на рускиот Кремљ – дали сте согласни на овој дуел?
Одговор дојде од директорот на руската вселенска агенција Дмитри Рогозин кој преку стих на Пушкин му порача дека е уште млад:
„Ти, ѓаволче, си уште млад,
Да се натпреварувам со oд мене послаб
би било само губење време
Прво стигни го мојот брат“