Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се помилуваат Асанж и Сноуден

by fokus

Американскиот милијардер и сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска на својот профил објави анкета во која ги праша корисниците на оваа социјална мрежа дали треба да бидат помилувани основачот на Викиликс Џулијан Асанж и поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден.

-Не го кажувам своето мислење, но ветив дека ќе направам анкета. Прашувам дали Асанж и Сноуден треба да бидат помилувани, напиша Маск и понуди две опции – „да“ и „не“.

На Асанж (51) му се заканува 175 години затвор во САД под обвинение за објавување доверливи информации, а се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Британија, Белмарш.

Асанж неодамна поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во врска со можна екстрадиција од Велика Британија во САД,

39-годишниот Сноуден излезе во јавноста во 2013 година со информации за методите на електронско следење на американските разузнавачки агенции, вклучително и нелегалното прислушување на странски лидери.

Тој избега од САД и побара азил во неколку земји, меѓу кои и Русија.

Москва му даде дозвола за престој на 1 август 2014 година, а оваа недела доби руски пасош.

Поврзани новости