Илон Маск ги негира тврдењата на Wall Street Journal (WSJ) дека планира да донира декој месец по 45 милиони долари поддршка за Доналд Трамп. Вестите ги нарече лажни.
Претходно Wall Street Journal (WSJ) објави дека милијардерот почнувајќи од овој месец ќе донира на политичкиот акционен комитет America PAC, кој го поддржува поранешниот претседател Доналд Трамп во неговиот обид да се врати во Белата куќа.
Мултимилијардерот роден во Јужноафриканската Република не се најде на листата на донатори објавена вчера, а на која може да се видие дека одборот досега има собрано повеќе од осум милиони долари.
Меѓу донаторите се компаниите Lonsdale Enterprises и близнаците Winklevoss.
Lonsdale Enterprises донирала 1 милион долари, а Камерон и Тајлер Винклевос по 250.000 долари.
Во саботата, неколку часа по обидот за атентат, Маск јавно застана зад Трамп, за првпат во претседателската трка. Овој потег ја зацврсти неговата промена кон десничарската политика и му даде на Трамп моќен сојузник пред изборите во ноември.