Маск ги демантира информациите за исклучување на „Старлинк“ во Украина: „Ројтерс лаже“

by Fokus

Американскиот милијардер Илон Маск денеска ги демантираше информациите за можното исклучување на пристапот на Украина до сателитскиот систем „Старлинк“, чиј сопственик е Маск.

Одговарајќи на извештајот на Ројтерс, Маск рече дека тоа „не е вистина“ и ја обвини новинската агенција дека „лаже“.

„Ова не е вистина. Ројтерс лаже. Тие се на второ место по AP (Associated Propaganda) како традиционален лажго за вести“, напиша Маск на платформата X.

Поврзани новости