0
Американскиот бизнисмен Илон Маск денеска оцени дека доделувањето на Медал на слободата од страна на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на американскиот финансиер Џорџ Сорос е „пародија“.
„Бајден да му го додели Медалот на слободата на Сорос е пародија“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Белата куќа денеска соопшти дека Бајден ќе го додели Медалот на слободата, а меѓу 19-те наградени се и поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, американскиот финансиер Џорџ Сорос, фудбалерот Лионел Меси и модниот дизајнер Ралф Лорен.