3
Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
„Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Даја спасиме Америка“, наведе Трамп во изјавата, пренесе Би-би-си.
Трамп го назначи поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција Џон Ретклиф за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), а гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност.