400
Новиот извршен директор на „Твитер“, Илон Маск, им рекол на вработените дека мора да се обврзат да работат „долги часови со висок интензитет“ или во спротивно ќе ја напуштат компанијата.
Во порака до персоналот, новиот сопственик на фирмата напишал дека работниците треба да се согласат со ветувањето доколку сакаат да останат, објави Вашингтон пост.
Маск соопшти дека Твитер „ќе треба да работи исклучително хардкор“ за да успее.
„Ова ќе значи работа со долги часови со висок интензитет. Само исклучителните перформанси ќе претставуваат преодна оценка“, рече тој.
Најбогатиот човек на светот веќе објави дека половина од персоналот на Твитер ќе бидат отпуштени, откако ја купи компанијата во договор од 44 милијарди долари.