Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, првиот човек на „Тесла“ и на социјалната мрежа „Х“, смета дека човештвото оди кон трета светска војна поради политиката на американските власти, туркајќи ги Русија и Иран во коалиција со Кина.
Тој тврди дека Западот ги испраќа украинските момчиња во „мелница за месо“ да умрат борејќи се со нивните руски братучеди. Маск повика на итен прекин на огнот во Украина и нормализација на односите со Москва во интерес да се спречи трета светска војна.
„ Мислам дека ние, без да го сфатиме тоа, одиме кон третата светска војна, носејќи глупави одлуки една по друга – изјави Маск во подкаст објавен на неговата страница на мрежата „Х“.
Според Маск, политичкиот курс што го избра Вашингтон ги турка Русија и Иран да влезат во сојуз со Кина, кои заедно претставуваат импресивна противтежа на Западот.
„Доколку се судрат интересите на овие две страни, треба да очекуваме битка од големи размери во која коалицијата предводена од САД нема да има предност во индустриската сила, што би можело да обезбеди победа.
Русија има суровини, а Кина има индустриски потенцијал, што, искрено, е идеална комбинација од гледна точка на војна – смета Маск и ги повикува американските власти да се откажат од политиката на конфронтација.
Тој смета дека сегашната политика на Вашингтон е неразумна.