Машко тело во фаза на распаѓање пронајдено во стан во Аеродром

by Fokus

Вчера попладне во стан во Скопје било пронајдено машко тело кое било во фаза на распаѓање, информираат од МВР.

„На 22.05.2020 во 14,53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И(42) неколку дена се шири непријатна миризба. При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција“, додаваат од МВР.

Поврзани новости