Машина го расчистува патот, заглавените од село Леуново конечно тргнаа кон нивните домови!

by Fokus

РЦУК Тетово, известува дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално.

Снабдувањето со ел.енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде сообраќајот се одвива во зимски услови и забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.

Особено критично е во Мавровскиот реон од каде се добиени поголем број на настани и поплаки од граѓани кои известуваат дека патниот правец до Хотел Радика не е прооден и истите се заглавени во хотелот.

Преку целиот ден извршени се голем број на контакти со одговорните лица од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта , ЕЛС и МВР од кои се добиени информации дека висината на снежната покривка во регионот е околу 80 центиметри и има паднати голем број на дрвја кои го отежнуваа и забавуваа сообраќајот.

Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта тековно вршеа сечење на дрвјата и чистење на коловозите и во најголем дел од регионот сообраќајот се одвива редовно во зимски услови.

Проблематично е делницата до кај Хотел Радика. Од страна на одговорното лице од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта -секција Маврово сме известени дека има на терен машина за чистење на снег која прави напори да го оспособи и исчисти патот за да можат гостите од хотелот истиот да го напуштат и да се вратат во своите домови.

Од последниот контакт со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возилото од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта моментално ( 20:00 часот ) оди напред, а позади него гостите од хотелот со своите возила. Колоната е стигната до кај Бунец. Се движат споро , но според дежурниот истите ќе успеат да се стигнат до своите дестинации.

Имавме и поплака од лица од с.Луковица-Општина Желино кои се жалеа на непрооден пат до селото. Истите се вратија во својот дом и според пријавителката истите ќе преноќат во селото.

Од страна на ПС Групчин сме известени дека на теренот кон с.Луковица и с.Седларево е упатена машина за чистење на снегот и моментално истата работи во чистење и нормализирање на сообраќајот на тој реон додека Гужвата што настана поради несовесни граѓани кои со несоодветни гуми возеа на Попова Шапка е расчистена.

Сообраќајот во двата правци се одвива во зимски услови, забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.

Поврзани новости