Масакр во САД – маж уби три жени и девојче

by Fokus

Во тек е потрага по маж по серијата престрелки во Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси, во кои загинаа три жени и 13-годишно девојче, а една тинејџерка е во критична состојба, пишува Си-Ен-Ен.

„Полицајците одговорија на извештајот за пукање на Хауард Драјв околу 21:22 часот“, соопшти полицискиот оддел во Мемфис.

Осомничениот е Мејвис Кристијан Џуниор. (52). Се верува дека тој вози бел „шевролет малибу“ од 2017 година.

„Во истрагата е утврдено дека овој инцидент е поврзан со уште две престрелки и дека се работи за истиот осомничен – извести полицијата и додаде:

„Доколку го видите него или неговото возило, веднаш јавете се на 911. Не му приоѓајте и не се соочувајте со ова лице, тој е вооружен и крајно опасен“.

Поврзани новости