Обвинителството во Алжир почна истрага за смртта на маж кој беше линчуван од маса луѓе откако беше обвинет за подметнување шумски пожар, јавија алжирските медиуми.
Во шумските пожари во Алжир, кои не стивнуваат со денови, загинаа 69 лица.
Истрагата е започната врз основа на видео снимка која го прикажува убиството на 38-годишниот Џамел Бен Исмаил во Ларба Нат Иратен во провинцијата Тизи Узу, каде што шумските пожари предизвикаа најголема штета и загинаа повеќето луѓе.
Луѓето прво ја нападнале полициската станица каде што беше приведен Бен Исмаили, го извлекоа надвор, го претепаа и го запалија телото. „Полициски службеници кои го заштитуваа и се обидуваа да и помогнат на жртвата исто така беа повредени “, се вели во соопштението на локалниот обвинител.