Мас и Рот одат во изолација по средбата со Захариева, Димитров, Османи

by Фокус

По состанокот во Берлин меѓу шефовите на дипломатиите на Бугарија, Германија и Македонија, повеќето од присутните ќе одат во изолација, откако бугарскиот заменик-министер за надворшени работи, Петко Дојков, се покажа дека е позитивен на коронавирусот.

Во изолација ќе биде шефицата на бугарската диплматија Екатерина Захариева, но и нејзиниот германски колега Хајко Мас, како и министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот.

На средбата во Берлин беа присутни и македонскиот вицепремиер Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но тие нема да одат во изолација.

Германското МНР информира дека во изолација заминуваат и други вработени во министерството кои присуствувале на средбите.

Поврзани новости