Мартинез од Интер и Меси ќе заиграат заедно?

by Fokus

Европските фудбалски гиганти, Барселона и „Интер, се близу до договор за трансферот на напаѓачот на миланскиот клуб Лаутаро Мартинез.

Според „Спорт ес.“ каталонскиот клуб ќе плати 60 милиони евра за 22-годишниот Аргентинец, а исто така вклучува двајца играчи чии имиња не се наведени во договорот.

Претходно во медиумите имаше информации дека раководството на Интер е подготвено да го ослободи Мартинез само доколку добие 111 милиони евра – сума пропишана во договорот на фудбалерот како обештетување, но Барселона не е подготвена да плати толку многу заради финансиската криза, предизвикана од пандемија на корона вирус.

Мартинез има 16 голови и четири асистенции на 31 натпревар за Интер во сезоната 2019/20.

Поврзани новости