Стотина средношколци од Кичево излегоа на марш под мотото „Стоп за лошите реформи“ кој започна во дворот на училиштата „Мирко Милески“ и „Дрита“. Средношколците заминаа и пред подрачното Министерството за образование каде беше доставено нивното барање за стариот концепт на државната матура.
„Сакаме да не сослушаат властите, бидејќи мислиме поинаку. Ние имаме право на трет изборен премет и е сметаме дека полагањето математика не треба да биде задолжително за матурантите“, изјавил матурант за Радио МОФ.
Кичевските средношколци велат дека нивните акции ќе продолжат и по овој, прв средношколски марш во нивниот град. За следните денови најавуваат можен бојкот на наставата и низа активности со кои ќе се обидат да го привлечат вниманието на надлежните за да ги слушнат нивните барања.
Фото: Радио МОФ