328
Францускиот пливач Леон Маршан освои нов златен медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Тоа му е четврти медал на оваа Олимпијада.
По златото на 400 метри мешано, 200 метри градно и 200 метри грбно, Маршан денеска го освои златото и на 200 метри мешано.
IN FRONT OF THE HOME CROWD 🇫🇷
LEON MARCHAND GOES 4 FOR 4 AT THE PARIS OLYMPICS 🥇 pic.twitter.com/XUtzN1FnZm
— ESPN (@espn) August 2, 2024
Тој славеше со време 1:54.06, со што го собори олимпискиот рекорд на славниот Мајкл Фелпс од Пекинг во 2008 година (1:54.23).
Зад него најдобар резултат во оваа дисциплина постигнаа Скот Данкан 1:55.31 и Шун Ванг 1:56.00.