Денес во Скопје се одржува Парадата на гордоста, а годинашното мото на настанот е Горди и гласни.
Парадата ќе започне во 17 часот со собирање на учесниците во паркот Жена-борец, а собирањето ќе трае до 19 часот, кога следува марш низ скопските улици.
Културно-забавната програма ќе започне во 20.30 часот на Стадионот на АРМ и ќе трае до 01.00 часот, со настапи на популарни музички имиња.
Парадата на гордоста е марш за поддршка, почитување и еднаквост на ЛГБТ, а на официјалната страница на настанот, покрај агендата се објавени и правила и препораки.
-Забрането е внесување на остри и стаклени предмети, балони, пиротехника и оружје. Препорачуваме со себе да носите удобни чевли, вода и крема за заштита од сонце.
Поради безбедносни аспекти заминувањето од Прајдот е препорачливо да е во групи по неколку луѓе и без видливи обележја како симболи или знамиња – истакнато е на страницата на Скопје Прајд.
Вики Клинчарова