Марш за Газа во Истанбул

by Фокус

Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Истанбул за да го одбележат почетокот на новата 2024 година со марш за Газа и да го осудат терористичкиот напад на ПКК од пред неколку недели, во кој загинаа повеќе од десет турски војници во северен Ирак, јави агенцијата Анадолија.

Демонстрантите маршираа, извикуваа слогани, држеа транспаренти и вееја палестински знамиња.

Настанот го организира Турската младинска фондација (ТУГВА) и членовите на Националната платформа за волја, која се состои од 308 невладини организации.

Организаторите ги повикаа граѓаните да излезат на мостот Галата, кој се наоѓа на историскиот полуостров во Истанбул.

Израел почна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти во енклавата загинати се најмалку 21.822 Палестинци, главно деца и жени, а ранети се 56.451.

Според израелските власти, околу 1.200 Израелци загинаа во нападите на Хамас.

Поврзани новости