698
-Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава која ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска, наведувајќи дека за да се избегне каква било можност за инфекција маршот ќе се одвива со заштитни маски и одржување дистанца.