Марш на „црвените чадори“ во Скопје, сексуалните работнички бараат декриминализација

by Фокус

Сексуалните работнички денеска по 16-ти пат излегоа на марш и бараа гаранција за нивните човекови права и декриминализација на нивната професија.

Со декриминализацијата на сексуалните работници, според нив, ќе се намали насилството и ќе биде регулирано со сите права и обврски.

Голем успех за нив е добиената правда во судот за човекови права. На маршот беа сескуланите работнички кои ја добиле првдата по скоро 14 години.

Сексуалните работнички во земјава, традиционално, го почнаа маршот од пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица Македонија и завршија на плоштадот Филип Втори.

Маршот го организира СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со ХОПС.

Поврзани новости