По 14-ти пат, по повод Меѓународниот ден за стоп на насилството, се одржа марш на црвените чадори кој почна од спомен куќата на Мајка Тереза, а заврши на плоштадот „Филип II“. Сексуалните работници бараат итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа во земјата и признавање на човековите и работничките права.
Тие побараа декриминализација на сексуалната работа.
-Бараме декриминализација на сексуалната работа затоа што таа ја ограничува полициската злоупотреба и насилство, го подобрува пристапот до здравствени услуги, го намалува ризикот од ХИВ и сексуално преносливи инфекции, ги унапредува безбедните работни услови, овозможува ефективен одговор на трговјата со луѓе, ја спречува државната контрола врз нашите тела и сексуалност, побараа сексуалните работници пред почетокот на маршот.
Тие испратија порака до институциите дека сексуалните работници се дел од ова општество и треба да ги уживаат нивните човекови работнички права подеднакво со останатите граѓани.
Воедно, ја истакнаа потребата од итно донесување на нови правни рамки за регулација на сексуалната работа во земјава и упатија прашање до институциите „Декриминализација кога?“.
Декриминализацијата, како што нагласија, значи поголема веројатност за сексуалните работници да живеат без стигматизација, социјална исклученост и страв од насилство.
– Бараме да бидеме препознаени од институциите и вклучени во процесот на креирање на најдобро законско решение за регулација на нашата работа започнување на измени на член 191 од Кривичниот законик и член 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, потенцираа сексуалните работници.
Фото: МИА